• понеделник, 06 јануари 2025

Папата Франциск го осуди врсничкото насилство: Тоа е подготовка за војна, а не за мир

Папата Франциск го осуди врсничкото насилство: Тоа е подготовка за војна, а не за мир

Рим, 4 јануари 2025 (МИА) - Папата Франциск го осуди насилството меѓу врсниците, нарекувајќи го „подготовка за војна“.

„Ако во училиште војувате меѓу себе, ако на училиште сте насилници, со девојчињата момчињата кои имаат некакви проблеми, тоа е подготовка за војна, а не за мир. Ве молам, без насилство! Никогаш насилство“, рече папата за време на денешниот состанок со италијанските католички наставници и родители, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

Папата ја истакна важноста од промовирање на мирот и солидарноста меѓу младите, особено во училишната средина. рп/

Фото: АНСА

Остани поврзан