• сабота, 23 ноември 2024

Панел-дискусија: Превентивните ХИВ програми се покажаа како значајно средство за брз и навремен одговор на сите предизвици и поблеми

Панел-дискусија: Превентивните ХИВ програми се покажаа како значајно средство за брз и навремен одговор на сите предизвици и поблеми
Скопје, 23 јуни 2021 (МИА) - Програмата за заштита на населението од ХИВ се покажа како успешна и значајна алка, поради која земјата во последните 15 години воспостави контрола над емидемијата со ХИВ, ова беше заклучено на денешната панел дискусија на тема „Здравствени услуги по мерка на ранливите граѓани - како да се подобри системот врз основа на досегашното искуство“ на која министерот за здравство Венко Филипче и граѓанските организации разменија ставови, мислења и понатамошни решенија за развој на овој модел. Андреј Сених, од здружение „Заедно посилни“ истакна дека програмата за заштита на населението од ХИВ, освен што ги опфаќа лицата кои употребуваат дрога и сексуалните работнички, дополнително опфаќа поширок спектар на услуги од здравствен карактер. - Програмата за заштита на населенето од ХИВ е уникатен успешен пример во нашата земја на тесна соработка помеѓу институциите и и граѓанскиот сектор во испорачување на конкретни есенцијални услуги со кои што се опфаќаат околу 10.000 ранливи граѓани. Покрај услугите за превенција на ХИВ овие програми опфаќаат еден поширок спектар на услуги од здравствен аспект. Тука би ги споменал услугите за сексуално и репродуктивно здравје и гинеколошки услуги особено кои што опфаќаат и жени во рурални средини и во средини каде што има недостаток на капацитети за овој вид на здравствена грижа, изјави Сених. На искусијата присуствуваше и министерот Филипче кој истакна станува збор за програма која е во рамките на Министерствто за здравство и која е буџетирана од буџетот на Министерството. - Целта на настанот е да поразговараме и да ги споделиме искуствата од соработката до сега, но посебно начинот на кој што оваа соработка со граѓанските организации може да ја унапредиме пред се со тоа што ќе ги направиме препознатливи во законот за здравствена заштита како даватели на дел од здравствените услуги за што имаат знаење и експертиза и понатаму во тоа како ќе се унапреди соработката имајќи го во предвид одличниот модел кој што се покажа многу ефикасен за време на Ковид периодот кога многу здравствени установи беа целосно посветени на третман на пациенти соКовид и се искористи и знаењето и искуството и пристапот на граѓанските организации посебно во делот на ранливте категоии на граѓани помеѓу другото и за превенција и здравстевни совети, рече министерот. Сених додаде дека во тек се разговори со Министерството за здравство за изнаоѓање на поосодветна сеопфатна правна рамка која што ќе гарантира долгорочна одржливост на овој вид услуги и соработка со што според него ќе се ставело крај на епидемијата на ХИВ до 2030 година. - Во целиот период од изминатата година на пандемијата со Ковид каде за овие 10.000 граѓани од ранливи категории беше обезбедена целата возможна поддршка околу превенцијата и информациите во однос на заштитата од Ковид, заклучи тој. Министерот Филипче пак, рече дека треба да се наметне еден добар систем на координација се со цел да се направи еден ефикасен систем. - Тоа што посебно за време на Ковид кризата овие програми добро функционираат е уште еден доказ дека системот е навистина добар корисен  и ефикасен ниту еден момент немавме проблем со извршување, реализација на програмите, во ниту еден момент немаше проблем со било кој од корисниците сите потреби беа целосно задоволени што самото по себе укажува дека моделот треба да се унапреди. Сметам дека не треба да застанеме само на превентивните ХИВ програми, нагласи министерот. На дискусијата од страна на граѓанските органзиации беше истакнато и дека преку овие програми граѓанските организации направиле околу 5 проценти од вкупниот број на ХИВ тестови на годишно ниво во земјат, и биле откриени 25 отсто од новоткриените случаи на годишно ниво, како и дека ова е ситуација се повторува во изминативе неколку години, што укажува на тоа дека овој тип на интервенции се насочени таргетирани онаму каде што ќе дадат најголем и насоодветен резултат. Според Хајди Штерјова од ХОПС, ковид-кризата покажала дека програмите за ХИВ претставуваат една значајна алка во целокупниот систем и дека од тие причини е неопхоно да се регулира соодветно во легислативата. Министерот Филипче за крај заклучи дека политиките треба да се креираат преку реалните потреби на граѓаните, односно како што рече, треба да се слушне гласот на граѓаните, а потоа да се донесат потребните решенија. свс/сп/

Остани поврзан