• среда, 13 ноември 2024

Панел-дискусија „Поттикнување на женското лидерство и женското учество во политиката и демократијата“ 

Панел-дискусија „Поттикнување на женското лидерство и женското учество во политиката и демократијата“ 
Скопје, 13 јуни 2022 (МИА) - Фондацијата Конрад Аденауер и Центарот за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел денеска ќе одржат панел-дискусија на тема „Поттикнување на женското лидерство и женското учество во политиката и демократијата“. Дискусијата има за цел да поттикне потребата за унапредување на женското лидерство и женското учество во политиката и демократијата. Настанот ќе го отвори Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, Елефтерија Катци, соработник за комуникација и медиуми при Центарот за европски студии Вилфред Мартенс и Анке Холштајн, амбасадорка на Сојузна Република Германија во Северна Македонија.На панел дискусијата со свое воведно обраќање ќе земе учество Марион Валсман, пратеничка во Европскиот парламент и Потпретседателка на заедничкиот парламентарен комитет на делегацијата на ЕУ во Северна Македонија. Во рамки на панел дискусијата, организаторите информираат дека обраќање ќе имаат Гордана Сиљановска Давкова, пратеничка и претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје, Жаклина Пешевска, пратеничкаМоника Зајкова, пратеничка и член на Комисијата за еднакви можности на жените и мажитеВлора Речица, истражувач и раководителка на центарот за парламентарна поддршка и демократизација при Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – СкопјеПанел дискусијата ќе биде модерирана од Марија Ристеска, извршна директорка на Центарот за истражување и креирање политики од Скопје. ки/са/

Остани поврзан