• среда, 27 ноември 2024

Палестинците го обвинуваат Израел за напад на кампот за раселени лица, Израел тврди дека целел легитимни цели

Палестинците го обвинуваат Израел за напад на кампот за раселени лица, Израел тврди дека целел легитимни цели

Рафа, 27 мај 2024 (МИА) - Палестинските власти и Хамас го обвинија Израел за „масакр“ кога целеше центар за раселени луѓе во близина на Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, додека израелската војска соопшти дека целта била „ легитимни цели“ и „терористи“, пренесе Бета.

-Овој страшен масакр извршен од израелските окупаторски сили ги крши сите меѓународни резолуции, се вели во соопштението на палестинското претседателство.

Палестинските власти го обвинија Израел дека „намерно го гаѓал“ кампот за раселени лица Баркасат, северозападно од Рафа, кој е управуван од Палестинската агенција на ОН за бегалци.

Според Хамас, кој е на власт во Појасот Газа, најмалку 35 лица загинале во бомбардирањето, а десетици се ранети. 

Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека „голем број“ од загинатите или ранетите во нападот биле пренесени со брза помош.

Израелската војска соопшти дека еден од израелските авиони го погодил комплексот на Хамас во Рафа, каде дејствувале терористи, меѓу кои и двајца водачи на движењето од Западниот Брег.

-Нападот беше изведен против легитимни цели според меѓународното право, со употреба на прецизна муниција и врз основа на точни разузнавачки информации што укажуваат на употреба на областа од страна на Хамас, се вели во соопштението на израелската војска. мс/

фото: ДПА

Остани поврзан