• среда, 13 ноември 2024

Палестинец убиен во израелско воена рација во Западен Брег

Палестинец убиен во израелско воена рација во Западен Брег

Ерусалим, 23 март 2023 (МИА) – Израелските безбедносни сили денеска убија Палестинец за време на рација на северниот дел на Западниот Брег, соопштија палестинските здравствени власти.

Тоа е најновата ескалација на насилството од почетокот на оваа година, што се смета за најсмртоносна за Палестинците на окупираната територија по повеќе од две децении.

Припадниците на израелските сили влегоа во градот Тулкарм, упориште на новата екстремистичка организација поврзана со военото крило на националистичката партија Фатах.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека е убиен 25-годишниот Амир Абу Кадија. Огранокот на бригадата на мачениците Ал Акса во Тулкарм истакна дека Абу Кадија бил лидер на групата.

Израелската војска соопшти дека потерата по Абу Кадија била организирана поради неодамнешните вооружени напади врз еврејските населби и безбедносните сили. ми/

Остани поврзан