• среда, 13 ноември 2024

Пакистан: Имран Кан потпишал гаранција дека ќе се појави во суд до 18 март, но властите го одбиле документот

Пакистан: Имран Кан потпишал гаранција дека ќе се појави во суд до 18 март, но властите го одбиле документот

Лахоре, 15 март 2023 (МИА) - Поранешниот премиер на Пакистан Имран Кан денеска преку Твитер објави дека потпишал гаранција, со која се обврзал дека ќе се појави пред судот најдоцна до 18 март. Но, според него, властите одбиле да прифатат таков документ.

Кан, преку повеќе објави на Твитер информира дека од вчера на неговиот имот се води „вистинска војна“ и дека по солзавецот и водените топови, сега полициските сили користат и боева муниција. Тој оцени дека тоа докажува дека целта на операцијата не било тој да се доведе во суд, туку да се врши „киднапирање и убивање“.

Советникот на Кан Фавад Чаудри додаде дека партијата на Кан, пакистанското движење за правда, побарала од судот да го запре апсењето на поранешниот премиер, кој е обвинет за корупција.

Полициската операција за приведување на Кан доведе до повеќе судири меѓу неговите приврзаници и полицијата. Според локалните медиуми, повредени се десетици полицајци и околу 35 приврзаници на Кан.

Полицијата во источниот град Лахоре планираше да му достави налог на Кан да се појави на суд подоцна оваа недела, но испукаа солзавец во куќа откако приврзаниците на 71-годишниот опозициски лидер ги гаѓаа со камења и цигли, што ја поттикна полицијата да  возврати со палки.

Соопштено е дека се повредени десетина полицајци и околу 35 приврзаници на Кан.

На Кан, кому му беше изгласана недоверба во Парламентот минатиот април, му беше наредено да се појави пред судија во Исламабад во петокот за да одговори на обвиненијата за прикривање имот и незаконска продажба на владините подароци што ги добил за време на неговиот мандат како премиер.

Поранешниот премиер избегнува да се појави во суд од ноември кога беше ранет во вооружен напад на протестен митинг во источната провинција Пенџаб, тврдејќи дека не е способен да патува од Лахоре до Исламабад за да се соочи со обвиненијата.

Кан тврди дека серијата судски случаи против него, кои вклучуваат обвиненија за тероризам, се заговор на владата на неговиот наследник, премиерот Шахбаз Шариф. ссм/

Остани поврзан