• среда, 20 ноември 2024

ОЈО Скопје прибавува и анализира докази за Палчо, истрагата за останатите петмина осомничени во завршна фаза

ОЈО Скопје прибавува и анализира докази за Палчо, истрагата за останатите петмина осомничени во завршна фаза

Скопје, 16 мај 2024 (МИА) - Обвинителството презема истражни дејствија на прибавување и анализа на докази за првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо, кој вчера беше екстрадиран од Турција.

Како што соопштија од ОЈО Скопје, за петмината други осомничени во оваа постапка, истрагата е во завршна фаза.

- За петмина осомничени, од кои тројца соизвршители во тешките кривични дела – две грабнувања и две убиства на свиреп начин, еден осомничен за помагање при грабнувањето на малолетно лице и еден осомничен за помагање по извршеното кривично дело, истрагата е во завршна фаза, стои во соопштението од Обвинителство.

Васко Стојков, адвокат на, Љупчо Палевски - Палчо, кој е првоосомничен за организирањето на киднапирањето и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панчо Жежовски изјави дека тој лично го однел Палчо в

Оттаму дополнуваат дека продолжуваат да преземаат истражни дејствија во предметот.

Палевски, кој минатата година на 6 декември беше уапсен во Баликесир, Турција, синоќа со конвој од пет возила на Интерпол беше спроведен во Истражниот затвор Шутка. Во затворот тој е под специјален безбедносен режим, без контакт со други притвореници.

Тој е осомничен за убиство на малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември 2023, а пронајдени мртви во близина на Велес и на Скопје на 3 декември.

Pas më shumë se pesë muaj të kaluara në paraburgim ekstradues në Turqi, mbrëmë është riatdhesuar në vend Lupço Palevski Pallço, i dyshuari kryesor për vrasjen e 14-vjeçares Vanja Gjorçevska m

За соучество за убиството се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во домашен притвор од неодамна е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето.

Со мерки на претпазливост за овој случај е и Стефан Димовски, возачот на Палчо, кој е осомничен за помагање при бегството. ар/ац/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан