• вторник, 24 декември 2024

Мицкоски по повод Светскиот ден на детето: Нашата цел е да создадеме образовни програми што ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери

Мицкоски по повод Светскиот ден на детето: Нашата цел е да создадеме образовни програми што ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери

Скопје, 20 ноември 2024 (МИА) - По повод Светски ден на детето, во организација на УНИЦЕФ и Владата на Република Северна Македонија денеска во свечена сала се одржа владина седница под слоганот „Слушнете ја иднината”, каде што децата заедно со премиерот и министрите разговарале за следните теми: климатска и еколошка криза, напредни технологии и демографски промени.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека денеска ги имал најважните соговорници од неговото неколкумесечно претседателствување со Владата, тоа се децата.

-Овој ден е посветен на подигнување на свеста за правата на децата низ светот и на промоција на благосостојбата на најмладите. Светскиот ден на детето е и потсетник дека треба да работиме заедно за да создадеме свет во кој сите деца ќе имаат еднакви можности и ќе растат во средина која го поттикнува нивниот развој и благосостојба. Овој ден има длабоки корени во историјата на човековите права. На овој датум во 1959 година, Обединетите Нации ја усвоија Декларацијата за правата на детето, а во 1989 година беше усвоена Конвенцијата за правата на детето – најшироко ратификуван договор за човекови права во историјата. Овие документи не се само правни рамки, туку и морален водич за тоа како треба да се однесуваме кон нашите најмлади и најранливи членови на општеството. Денес сме тука за да ја потврдиме нашата заедничка обврска, секое дете има право на грижа, образование, здравствена заштита и заштита од секоја форма на насилство и злоупотреба, рече тој.

Потенцира дека зборовите на хартија не се доволни туку, како што рече, потребни се дела.

-Нашата мисија е да ги претвориме овие предизвици во можности за промени. Инвестиции во образованието; Пристап до здравствена заштита; Заштита од злоупотреба и насилство. Ова е ден кога не смееме само да зборуваме, туку и да делуваме. Владата, граѓанските организации, наставниците, родителите и секој поединец имаат улога во оваа борба. Затоа, нашата цел е: Да создадеме образовни програми што ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери на утрешнината; Да поддржуваме политики што гарантираат социјална заштита за сите деца, особено за најранливите; Да ги слушаме децата, да ги охрабруваме да го кажат своето мислење и да ги вклучиме во процесите на донесување одлуки. Нека овој ден не биде само потсетник, туку и пресвртна точка, рече премиерот Мицкоски.

Претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер на прес-конференција дека било интересно да се сослушаат тие деца кои искажувале интересни предлози и ставови и мислења за сето она што им е важно во сегашноста, но исто така ќе влијаат и во нивната иднина. 

-Денес всушност имавме можност да сослушаме 45 деца на возраст од 13 до 17 години, од ширим цела земја коишто ги споделија своите ставови, своите размислувања и своите идеи околу три теми коишто се од голема важност за денешнината, а тие се климатксите промени и вегетацијата на животната средина, потоа втората тема беа напредните технологии и нивнто влијание, технолигија на типот на вештачката интелегенција и третата промена беа демографските промени и нивнито влијание. Беше интерсно да се сослушаат тие деца коишто навистина се произнесиа со многу интересни предлози и ставови и мислења за сето она што име важно во сегашност, но исто така ќе влијаат и во нивната иднина. И нависитна беше убаво да се чуе нивното мислење и начинот на којшто на тоа мислење добија одговор од страна на премиерот , претседателот на Владата и останатите министри. Па ние веруваме дека ова ќе биде почеток на еден многу интересен дијалог, рече таа

Милер потенцира дека ќе се потрудат да им помогнат на децата да ги остварат нивните визии и нивните ставови за иднианта. фф/ев/

Фото: Влада

Остани поврзан