• четврток, 26 декември 2024

Охрид доби уште две хуманитарни паркинг-места, собраните средства од наплатата за хуманитарни цели

Охрид доби уште две хуманитарни паркинг-места, собраните средства од наплатата за хуманитарни цели

Охрид, 28 јули 2023 (МИА) – Охрид доби уште две хуманитарни паркинг-места, преку проектот „Хуманитарни паркинзи“ што заеднички го реализираат Општина Охрид и ЈП „Билјанини Извори“.

Станува збор за одбележани паркинг-места, од кои средствата собрани преку наплата за паркирањето  се наменети за хуманитарни цели. 

Новите хуманитарни паркинзи се наоѓаат на улицата „Димитар Влахов“, во непосредна близина на Општина Охрид.

Проектот „Хуманитарни паркинзи“ започна да се реализира минатото лето на иницијатива на градоначалникот на Охрид и е дел од заложбите на ЈП „Билјанини Извори“ за општествена одговорност и поддршка на здруженијата на граѓани.

Директорот на „Билјанини извори“, Теодор Андоновски, рече дека досега во акцијата се собрани финансиски средства во висина од 128 илјади денари, што на крајот на годината се доделуваат на ранливи категории граѓани и социјално загрозени семејства.

Во април годинава со одлука на УО на јавното претпријатие, 62 илјади денари од собраните средства беа донирани на Центарот за аутизам „Мојот свет“. 

Од ЈП „Билјанини Извори“, во соработка со Општина Охрид најавуваат дека и во иднина ќе продолжат со отворање нови паркинг места кои ќе бидат во функција на хуманоста. аб/дма/

Остани поврзан