• недела, 24 ноември 2024

Официјално: Клосе потпиша договор со Баерн

Официјално: Клосе потпиша договор со Баерн
Минхен, 7 мај 2020 (МИА) - Поранешниот германски репрезентативец Мирослав Клосе ќе му се придружи на тренерскиот штаб на Ханси Флик во Баерн (Минхен), соопштија Баварците на нивната официјална веб-страница. 41-годишниот Клосе, кој е стрелец број еден во историјата на Светските првенства, потпиша едногодишен договор. Тој влегува во сила на 1 јули 2020 година. - Се чувствувам одлично и со нетрпение ги очекувам моите задачи. Ханси Флик и јас со години добро се познававме од репрезентацијата. Ние веруваме едни во други професионално и лично. Ова е следниот чекор во мојот развој како тренер. Се надевам дека со моето знаење ќе можам да му помогнам на Баерн да ги постигне своите спортски цели, рече Клосе. Како фудбалер, Мирослав Клосе играше за Баерн помеѓу 2007 и 2011 година, освојувајќи две германски титули и два пехари и постигнувајќи 53 гола на вкупно 149 натпревари.

Тагови

Остани поврзан