• четврток, 26 декември 2024

Откриваме колку изнесуваат платите во туризмот, за едно место нема коефициент: „Тие земаат и до 20.000 куни“

Откриваме колку изнесуваат платите во туризмот, за едно место нема коефициент: „Тие земаат и до 20.000 куни“
30 јануари 2022 Дубровачки вјесник - Дубровник Хотелските и угостителските објекти во Дубровник се во потрага по работна сила в очи на туристичката сезона 2022 година. Берзата на трудот е преплавена со тендери, работници се бараат надвор од границите на Хрватска, никој не сака да ја повтори ланската грешка во чекори, кога поради страв од затварање на емисионите пазари, се задоцни со вработувањето. Дел од сезонските работници замина во странство, дел е регрутиран на северниот дел на Јадранот, а колку изнесуваат платите кои би требало да ја привлечат работната сила? Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната плата во Хрватска за ноември 2021 година изнесуваше 7.333 куни. Средниот нето приход беше 6.149 куни, што значи дека половина од вработените биле со помал, а половина со поголем приход од тој износ. Примањата во таканаречениот „реален сектор“ во туризамот секогаш биле со понизок од државниот просек. Се бара работна сила Најниски плати во туризмот имаат чистачките, собарките и лицата кои помагаат во кујна, околу 5.000 куни нето месечно, просечната плата на келнерите во хотел во Дубровник изнесува помеѓу 6.000 и 7.500 куни, тврди за Дубровачки вјесник, Долорес Лујиќ, комесар на Синдикатот за туризам и угостителство на Хрватска. Податоци за ресторани нема, но со оглед на големата потреба од келнери, се верува дека ни таму не се пониски. Рецепционерите се во рангот на келнерите, додека платите на готвачите, особено готвач број еден и шеф на кујната, се некоја сосем друга приказна. - Коефициентите генерално не се применуваат за нив. Готвачите и шефовите на кујната во врвен ресторан во Дубровник примаат по 12.000, 15.000 до 20.000 куни, изјави Лујиќ. Судејќи по огласите на хрватскиот Завод за вработување, најбарани професии се готвач и келнер. Во целата област на Дубровничко-неретванската жупанија, отворени се 67 огласи за готвачи и 52 за келнери. Јулијо Сргота, раководител на регионалната канцеларија на Службата за вработување во Дубровник, појасни дека работодавачите не се одмараат, огласи стигнуваат секојдневно од почетокот на годината. Според законот за странци, работодавачите за некои професии мора да добијат позитивно мислење од хрватскиот Завод за вработување и таканаречениот „тест на пазарот на трудот“, а дури потоа до Министерството за внатрешни работи да поднесат барање за издавање дозвола за престој и работа на лице од странство. Туристичкиот сектор може да добие работни дозволи за своите вработени од трети земји и без тест на пазарот на трудот, но само во времетраење до 90 дена во текот на календарската година. Подрачната служба на хрватскиот Завод за вработување во Дубровник, во 2021 година прими 1.887 барања за вработување државјани на трети земји. На подрачјето на Дубровничко-неретванската жупанија, Заводот во изминатата година издаде 286 позитивни мислења, десет се во процес на обработка, издадени се 1.070 работни дозволи. Заводот одби 71, а 361 работна дозвола се суспендирани. Најголем број на барања се однесуваа на работа во градежништво, како и во угостителство и туризам, како на пример: градежен работник, готвач, келнер, помошник готвач, столар, ѕидар, собар, арматурен работник, градежен инженер, работник за фасада. Бидејќи работодавачите во барањето за мислење на Заводот при вработување странец се должни да приложат и податоци за приход, произлегува дека просечната плата на работник од трета земја, кој таму дошол да работи како готвач, изнесува 5.506,9 куни, келнерот - 5.462,6 куни, пекарот 4.631,8 куни, додека работодавачите за собарка во просек пријавувале плата од 4.876,03 куни или за чистач - 4.461 куни бруто. Највисока и најниска плата Просечната плата на вработените во Туристичкиот одбор на град Дубровник во 2019 година беше 7.724 куни нето. Прецизни податоци за просечната плата за одредени професии во таканаречениот „реален сектор“ во туризамот на подрачјето на Дубровник, е тешко да се пронајдат. Хрватската стопанска комора - жупаниска комора на Дубровник, изврши анализа на платите во фирмите од Дубровничко-неретванската жупанија за 2020 година. Според нивните податоци, просечната плата во делот на давање услуги за сместување и припрема на храна овде е 4.971 куна нето, за трговија 4.743 куни, за транспортот 6.276 куни и во административни и помошни услужни дејности, а 90 отсто од друштвата во оваа категорија се патнички агенции - 5.166 куни. Во однос на 2019 година, најголем пад на месечната плата е забележан токму во делот на услугите за сместување во туризамот и припрема на храна - 22 отсто, најмалку во транспортот, додека во градежништвото има пораст за пет отсто и во просек изнесувала 4.552 куни нето. - Најголема просечна месечна нето плата исплатена е во делот на снабдување со електрична енергија, плин, пареа и климатизација, 6.811 куни. Парадоксално, најниска просечна плата во жупанијата е во делот на образованието, 3.890 куни. Тоа се однесува на приватните установи и трговски друштва, а не на училишта кои се финансирани од буџет, но зборува за тоа како се однесуваме, како општество, кон тој дел. Податоците се точни, се темелат на податоци кои се дадени од претприемачите во своите завршни финансиски извештаи на Фина, тврди Николина Тројиќ, претседателка на Жупаниската комора на Дубровник. Коментирајќи го фактот дека просечните примања на дубровачкото подрачје се пониски од државните, Тројиќ напомена дека коронавирусот овде многу потешко погодил дел од деловните субјекти и дека голем број вработени зависел од поддршката на Владата за зачувување на работните места во износ од четири илјади куни. И студентите работат! Преку Студентскиот центар Дубровник, студентската популација во најголем број случаи работи во делот на туризам и угостителство. Во 2021 година, преку студентскиот сервис потпишани се 6.878 договори. За споредба, во 2020 година преку студентскиот сервис потпишани се 4.097, а во 2019 - 10.364 договори. - Најчесто, саатниците за студенти лани беа помеѓу 30 и 35 куни, а најбарани професии беа келнери, помошен персонал во угостителство, чистачи, собарки и друга работа во хотелското домаќинство, појасни Марко Потребица, директор на Студентскиот центар Дубровник. бд/ссм/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан