• вторник, 01 октомври 2024

Отворен нов наплатен пункт на „Водовод и канализација“ во населбата Лисиче

Отворен нов наплатен пункт на „Водовод и канализација“ во населбата Лисиче

Скопје, 2 октомври 2023 (МИА) - Нов наплатен пункт на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје е отворен денеска во населбата Лисиче. Наплатниот пункт е лоциран во трговскиот центар во населба Лисиче и ќе работи само прва смена, од 7:30 до 15 часот.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, корисниците ќе можат да ги плаќаат своите сметки, да ја пријавуваат состојбата на водомерите, да го проверуваат својот долг за потрошена вода, да пријавуваат дефекти и сл.

Покрај овој наплатен пункт, корисниците ќе имаат можност да ги посетат и пунктовите во Сарај, Шуто Оризари и Дирекцијата на претпријатието. Претпријатието располага и со апарати за плаќање на фактурите на пет локации низ Скопје: Дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Одделението за грижа на корисниците на ЈП „Комунална хигиена“, ГТЦ на приземје, во ТЦ Капитол Мол и во Сити Мол (во делот кај банкоматите). Корисниците на услугите на претпријатието на овој тип апарати имаат можност да направат преглед на сметките и да извршат уплата со користење на картичките „мастер“ и „виза“ од сите банки без провизија.

Корисниците можат да пристапат и до електронските услуги на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. мд/бак/

Фото: „Водовод и канализација“ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан