• вторник, 03 декември 2024

Отворен за употреба Градскиот базен во Охрид

Отворен за употреба Градскиот базен во Охрид

Охрид, 1 јули 2024 (МИА) – Отворениот градски базен „Атина Бојаџи“ во Охрид од денеска е отворен за користење, како за пливачките школи, така и за забава и рекреација.

Рекреативците ќе можат да ги користат услугите во периодот од 13 до 19 часот за големиот базен и од 13 до 17:30 часот за малиот базен.

-Утринските и дел од попладневните часови во големиот и малиот базен се резервирани за пливачките школи. Дневниот билет за рекреативно користење, согласно правилникот за цени на претпријатието, е сто денари, информираат од ЈП „Билјанини Извори“. аб/дма/

фото/МИА

 

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан