• недела, 24 ноември 2024

Отворена канцеларија на ПП Левицаво во Демир Хисар

Отворена канцеларија на ПП Левицаво во Демир Хисар

Скопје, 15 октомври 2023

 

Денес, во присуство на претседателот на Левица - Димитар Апасиев, пратеникот Борислав Крмов и Генералниот секретар Јована Мојсоска, официјално беше отворена канцеларијата во Демир Хисар.

Големата поддршка која ја добиваме континуирано потврди дека феноменот Левица е најбрзо растечко левичарско движење, кое го обединува прогресивното патриотско јадро во Републиката. Во своето обраќање, претседателот Апасиев потврди дека Левица е неосвоива тврдина и нашата непоткупливост е последниот бастион во одбрана на антифашистичките темели на Републиката.

Како автентична работничка партија, Левица воведува нови стандарди на политичката сцена и токму на следните избори - ќе се докаже нашата политичка сила која ќе ја нанесе конечната пасокизација на СДС.
Со двоцифрен број на пратеници, Левица ќе прерасне во фактор кој конечно ќе ги постави црвените линии за националните прашања, за кои не смее да се преговара!
 

Со почит,
Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан