• недела, 24 ноември 2024

Осумчасовна диета која не ви налага што точно да јадете

Осумчасовна диета која не ви налага што точно да јадете
Лос Анџелес, 16 јули 2020 (МИА) - Осумчасовната диета е режим за слабеење осмислен од Дејвид Зинченко, автор на популарната книга „Јадете го ова не тоа“ (Eat This Not That). Клучот за осумчасовна диета е во тоа - да се јаде само во определени осум часа денот, а останатите 16 часа - се пости. Нема строги правила точно која храна треба да се консумира, туку кога тоа се консумира. Само треба да си ја одредите таа рамка од осум часа и да се придржувате до неа. Сепак, тоа не значи дека може да живеете само на чипс и хамбургери. Најдобри резултати се постигнуваат ако внесувате здрава храна во дневните оброци.  си/сд/

Остани поврзан