Наполеон торта (Millefoglie)
Наполеон торта е нежен десерт составен од слоеви крцкаво лиснато тесто и богата ванила-крема. Совршен избор за свечени пригоди или кога сакате да импресионирате со елегантен домашен колач.
Состојки:
- 2 пакувања лиснато тесто
- 2 јајца + 1 жолчка
- 4 пудинзи од ванила
- 1 литар млеко
- 1 кесичка желатин за колачи (10 г)
- 8 лажици шеќер
- 5 лажици густин
- 300 мл слатка павлака
- 100 грама маргарин/путер
Подготовка:
Потребни се три кори од лиснато тесто. Секоја кора развлечете ја според големината на плехот и печете ја во загреана рерна на 200°C околу 15 минути, додека добие златно-кафеава боја. Оставете ги да се изладат. Подгответе го пудингот од ванила со млекото, шеќерот, јајцата, жолчката и густинот, мешајќи додека се згусне. Во сè уште млаката крема додадете го маргаринот и мешајте додека се растопи и соедини. Посебно изматете ја слатката павлака во цврст шлаг, па додадете ја во изладената крема. Матете додека добиете мазна и изедначена смеса. Изладените кори премачкајте ги со кремот, така што кремата ќе ја поделите на два дела. По желба, можете да додадете и дополнителен слој шлаг над кремата. Колачот оставете го во фрижидер, најдобро преку ноќ. Пред сервирање, посипете со шеќер во прав и исечете на правоаголни парчиња.
Фото: Фрипик