• сабота, 27 јули 2024

Османи - Катлер: Единството, кохезијата и солидарноста најсилен адут на НАТО во услови на зголемени безбедносни ризици

Османи - Катлер: Единството, кохезијата и солидарноста најсилен адут на НАТО во услови на зголемени безбедносни ризици
Скопје, 23 ноември 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска се сретна со помошникот генерален секретар на НАТО за разузнавање и безбедност Дејвид Катлер, со кој разменија мислења за актуелните политичко - безбедносни состојби во земјата и регионот, со фокус на руската воена агресија врз Украина.

Како што соопшти МНР, на средбата, министерот Османи ја реафирмираше поддршката на Северна Македонија за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и потребата од зајакнување на присуството на НАТО во нашиот регион што е особено значајно за зачувување на безбедноста и заштита од странски малигните влијанија во Западен Балкан.

-Двајцата соговорници се согласија со оценката дека променетото безбедносно опкружување, во контекст на руската воена агресија врз Украина, генерира зголемени безбедносни ризици, при што единството, кохезијата и солидарноста меѓу сојузниците преставува најсилниот и најмоќниот адут на Алијансата, стои во соопштението на МНР. вг/лв/

Остани поврзан