• среда, 13 ноември 2024

Организаторите на протестот за „Монструм“ го прогласија протестот за завршен, дел од учесниците се обидуваат да предизвикаат инциденти

Организаторите на протестот за „Монструм“ го прогласија протестот за завршен, дел од учесниците се обидуваат да предизвикаат инциденти
Скопје, 26 февруари 2021 (МИА) – Организаторите по испорачаните барања го прогласија протестот за „Монструм“ за завршен. Дел од учесниците во протестот одбиват да се повлечат и фрлаат со различни предмети кон полицискиот кордон. Поединци од протестот се обидуваа да предизвикаат инциденти. Екипата на МИА беше нападната на протестот, по што привремено беше прекинат преносот во живо.  Полицијата се обидува да ги растури насилните групи.
Учесниците во протестот се на дистанца од стотина метри од полицискиот кордон и се наоѓаат на локацијата на Бит Пазар. фф/ац/

Остани поврзан