• среда, 04 февруари 2026

Општина Штип објави повик за продажба на градежни парцели во индустриската зона во Три Чешми

Општина Штип објави повик за продажба на градежни парцели во индустриската зона во Три Чешми

Штип, 3 февруари 2026 (МИА) - Објавен е првиот јавен повик за продажба на градежно земјиште за оваа година, во индустриската зона во Три Чешими во Општина Штип, информираше на денешната прес-конференција Секретарот на општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова. Таа истакна дека станува збор за две градежни парцели и се со намена лесна преработувачка индустрија. 

-Овие градежни парцели се со различни површини, една од нив е со површина од 3.600 квадратни метри, другата е со површина од 9.500  квадратни метри. Истите нудат можност за изградба на приземје и два ката. Почетната цена на јавното надавање изнесува 61 денар за метар квадратен, вели Шорова-Ангелова. 

Заинтересираните инвеститори апликациите за купување на овие две градежни парцели можат да ги достават до 23 февруари, а јавното надавање ќе се одржи на 25 февруари. Инаку станува збор за парцели кои се наоѓаат покрај регионалниот пат Штип-Свети Николе, а имаат и сообраќјна врска со автопатот Штип-Миладиновци и експресниот пат Штип-Радовиш. 

Што се однесува за зоната за домување во населбата Три Чешми, каде што лани се продадоа 20 парцели за изградба на индивидуални куќи, во моментов Општината ја гради примарната инфраструктура, за сопствениците на парцелите да  почнат со изградба на своите домови. Во оваа населба согласно Деталниот урбанистички план(ДУП) има уште 80 парцели за изградба на куќи, кои ќе бидат огласени на продажба во текот на годината. Во моментов се работи и на Деталните урбанистички планови кај старото Нервно Одделение спроти новиот објект на ЛИДЛ и  меѓу населбите Железничка, Пребег и Мерите, каде се гради новата обиколница на Штип. На ова подрачје ќе има градежни парцели за домување, но и објекти за развој на бањскиот туризам, бидејќи во непосредба близина е и бањата Кежовица. вдј/вј/

Фото: МИА 

Остани поврзан