• среда, 27 ноември 2024

Општина Струмица асфалтираше со втор слој асфалт 90 отсто од планираните улици

Општина Струмица асфалтираше со втор слој асфалт 90 отсто од планираните улици

Струмица, 17 септември 2024 (МИА) - Со поставувањето втор слој асфалт на дел од булеварот „Ленинова“, практично заокружуваме 90 проценти реализација на рамката за асфалтирање на улици со втор слој асфалт иако уште сме месец септември, изјави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој денеска беше на увид на асфалтирањето улица во централното градско подрачје.

Според Костадинов, се работи за инвестиција на Општина Струмица во износ од 4.127.420,00 денари и било барање од граѓаните за да се асфалтира овој дел од булеварот булевар затоа што бил дотраен.

-Неколку пати имавме крпење на дупки. Пред 2 година ја асфалтиравме другата страна на булеварот и еве дојде ред да ја асфалтираме и оваа делница. Имаме реализација на една убава капитална програма за која советниците дале поддршка и при дебатата за програмите, а секако и при носењето на буџетот за оваа, 2024 година. Со ова само потврдуваме дека навистина приоритетите или барањата на граѓаните ги ставаме на прво место, затоа што само со добра и корегирана инфраструктура можеме да заокружиме дека Струмица станува се поубаво место за живеење, додаде струмичкиот градоначалник.

Според Костадинов, десетте отсто коишто остануваат за реализација од програмата за асфалрирање, ќе се реализираат во следните денови на дел од улицата „Васил Сурчев“ со втор слој асфалт и прв слој асфалт и пробивање улици кои се во тек во урбан блок 41. рт/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан