• недела, 30 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пациент кој се лекуваше во Грција се врати во државава, вечерва се очекуваат уште четворица пациенти од Шпанија

Пациент кој се лекуваше во Грција се врати во државава, вечерва се очекуваат уште четворица пациенти од Шпанија

Скопје, 26 март 2025 (МИА) - Дваесет и двегодишен пациент кој беше повреден во пожарот во дискотеката во Кочани, а кој се лекуваше во Атина, вечерва се врати во државава. Вечерва се очекува во земјава да пристигнат и четворица пациенти од Шпанија.

Министерот за здравство Арбен Таравари, кој заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски го пречекаа пациентот на Скопскиот аеродром,  изрази надеж дека по 24-часовен престој, откако ќе бидат направени токсиколошките испитувања, Ангел ќе биде пуштен на домашно лекување. 

За четворицата пациенти кои се лекуваат во странство и се во критична состојба, министерот информираше дека кај нив нема промени.

Министерот за надворешни работи најави дека и во текот на утрешниот ден се очекува враќање на дел од пациентите кои се лекуваат во странство. 

- Продолжуваме со тековна комуникација со здравствените власти во државите каде што се сместени овие пациенти. Нашите дипломатско-конзуларни претставништва се постојано во комуникација и со семејствата, нагласи Муцунски во изјава за медиуми. бд/бак/

Фото: Фејсбук статус на министерот Таравари

Остани поврзан