• сабота, 23 ноември 2024

Општина Маврово и Ростуше годинава планира капитални расходи во износ од 70,8 милиони денари

Општина Маврово и Ростуше годинава планира капитални расходи во износ од 70,8 милиони денари

Дебар, 5 јануари 2023 (МИА) - Според денешната објава на официјалната опоштинска веб-страница, буџетот на Општина Маврово и Ростуше за оваа година е проектиран на 213.736.999 денари, што е за 36,2 милиони поголем, споредно со проектираниот буџет за минатата година.

Најголем дел од приходите отпаѓаат на ставката дотации, додека, во расходите на утврдени намени, како и капиталните расходи.

Со буџетот планиран е дефицит од 31,7 милиони денари, кој е предвидено да се финансира со пренесување на вишокот на приходи остварен во претходните години.

Во делот на приходите кај ставката дотации предвидени се 111,5 милиони, даночни приходи 46,3 милиони и неданочни приходи над 1,4, трансфери 51,5, капитални приходи над 2,3 милиони, и приходи од донации 588 илјади денари.

Кога станува збор за расходите, тие се планирани на 245.526.999 денари и тоа утврдени намени 244,5 и расходи од резерви милион денари.

Вкупниот дефицит кој изнесува 31.791.000 денари планирано е да се финансира со пренесување на вишокот на приходи остварен во претходните години.

- И покрај предизвиците што претстојат, буџетот и оваа година е проектиран во насока на реализација на повеќе капитални проекти кои ќе придонесат во подобрување на патната и комуналната инфраструктура во повеќе населени места како предуслов за раст и развој на општината. За таа цел, во буџетот за оваа година планирани се капитални расходи во износ од 70.802.986 денари, стои во објавата. вт/ар/

Остани поврзан