• недела, 24 ноември 2024

Општина Битола со финансиска поддршка за развој на волонтерството

Општина Битола со финансиска поддршка за развој на волонтерството

Битола, 2 септември 2024 (МИА) - Општина Битола издвои 300.000 денари финансиска поддршка за развој на волонтерството и волонтерски акции.

Поддршката на граѓанските организации е со цел да се промовира и поттикне на активизмот на граѓаните и нивната поголема вклученост со активности во локалната заедница со волонтирање, информираа од Општина Битола.

-Волонтерските акции може да се реализираат на отворен или затворен јавен простор, училишта, градинки, детски игралишта, плоштади, паркови и вклучуваат граѓани од различни целни групи. Идеи за волонтерски акции расчистување, садење дрвја и зеленило, разубавување на јавни простори, цртање мурали, изработка на клупи/маси од палети, средување на училишни дворови, бојадисување на огради, вело паркинзи, канти за отпадоци, поправки и бојадисување на клупи, детски реквизити во паркови и други идеи кои треба да се реализираат до 15 декември 2024 година, соопштија од тамошната локална самоуправа.

Висината на финансиските средства кои ќе се доделат за организација за волонтерска акција изнесува најмногу до 30.000 денари. мт/лв/

Фото: МИА

Остани поврзан