• четврток, 27 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Апасиев: Дали владата формирала илегален „Кризен штаб“ за трагедијата во Кочани?

Апасиев: Дали владата формирала илегален „Кризен штаб“ за трагедијата во Кочани?

Скопје, 25 март 2025 

Димитар Апасиев, пратеник и лидер на политичката партија Левица, прашува дали владата прогласила кризна состојба во државава без владина одлука доставена до пратениците во Собранието на Македонија. Прашањето го темели на изјави на функционери кои изјавуваат дека се дел од Кризен штаб.

„Согласно изјавите на премиерот, министрите, докторите и директорот на ЦУК - некој од нив перманентно изјавуваат дека се дел од некаков си „Кризен штаб“ - што им дава дополнителни ингеренции во случајот со пожарот во дискошталата во Кочани (пример: посета на болни без следење на медицински протокол).

Но, согласно чл. 31 од посебниот Закон за управување со кризи (Сл. весник на РМ бр. 29/2005), како lex specialis, за да постои кризна состојба и согласно тоа ’Кризен штаб’ - потребна е владина одлука, која потоа се доставува до Собранието кое врши парламентарен надзор in concreto!

Оттука, бидејќи ваква одлука нема и нема никакво известување до нас пратениците, како контролори на извршната власт, јавно прашувам дали тоа и ’кризнава состојба’ ви е прогласена илегално и противзаконски, меѓу владината коалиција - што би се рекло на диво, без запазена регулатива и процедура - како, впрочем, и целата истрага што ја буткате на мускули (со владино прикривање на одговорните и поштедување на вашите штабомани и клиенти)?“, прашува Апасиев преку статус на социјалната мрежа ФБ. 

Левица

_____________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан