Општина Битола зачленета во француско-балканска џез мрежа
- Општина Битола е избрана за нов член во француско-балканска мрежа, одлука донесена во албанските градови Тирана и Фиер, каде се одржа втората сесија на џез мрежата.
Битола, 11 септември 2022 (МИА) - Општина Битола е избрана за нов член во француско-балканска мрежа, одлука донесена во албанските градови Тирана и Фиер, каде се одржа втората сесија на џез мрежата.
Од Општина Битола попладнево информираа дека на средба во Албанија ги претставиле и се разгледани капацитетите и можностите кои Општина Битола ги нуди за одржување на културни настани, особено на отворено во летните месеци во текот на следната 2023 година.
- Претставниците од градовите и џез фестивалите во Франција, Србија, Црна Гора, Албанија и Северна Македонија, разговараа и за заедничка размена на џез уметници, кои можат да земат учество на некој од фестивалите во градовите претставници – Дижон и Шамбери во Франција, Подгорица, Црна Гора, Ниш со фестивалот Нишвил, Тирана и Битола, информираа од тамошната локална самоуправа по завршувањето на Џез фестивалот во Тирана. мт/ар/