• сабота, 23 ноември 2024

Општина Берово ја унапредува соработката со партнерската организација Хелветас од Швајцарија

Општина Берово ја унапредува соработката со партнерската организација Хелветас од Швајцарија
Берово, 5 ноември 2021 (МИА) - Економскиот потенцијал на Берово, инфраструктурните инвестиции, користењето на фондовите од прекугранична соработка и проектите во тек, беа главните теми на разговор на денешната средба што се одржа како дел од активностите од Програмата за зачувување на природата, а во чии рамки беровскиот градоначалник Звонко Пекевски оствари средба со  претставникот од Партнерската организација Хелветас, д-р Џејн Картер. Меѓу останатотото тие дискутираа и за постапката за прогласување на „Малешево” за заштитено подрачје, можностите за развој на туризмот, како и унапредувањето на капацитетите на територијалната противпожарна единица. - Целта на овие средби е да се сумираат научените лекции од спроведување на активностите од Програмата, да се сумираат најважните постигнувања и да се извлечат заклучоци. Засега сите инволвирани страни се задоволни од имплементацијата на Програмата, која што овозможи пред се, почитување на мислењата на сите страни и мислењето на јавноста како многу важна алатка во унапредување на општествените процеси, рече Картер. Градоначалникот Пекевски истакна благодарност за добиената поддршка, што според него силно ги зајакнала капацитетите на територијалната противпожарна единица, со кои е овозможена подобра заштита на населението. - Од особено значење е што во рамките на Програмата за прекугранична соработка Бугарија- Македонија, општината е во постапка за набавка на уште едно возило, со што уште повеќе ќе се зајакнат капацитетите и тоа 365 дена во годината, со оглед на тоа што возилото е повеќенаменско, рече Пекевски. Градоначалникот го нагласи позитивното искуство од оваа програма преку која, после долги години како што додаде се унапредени општинските услуги во делот на противпожарна заштита. На состанокот присуствуваа и Катерина Ивановска и Јасминка Пашалиска Андоновска, претставници од Програмата за зачувување на природата како и претседателот на Советот на Општина Берово, Стево Суџуковиќ. вс/цр  

Остани поврзан