• понеделник, 07 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Општина Аеродром: Зеленилото пред ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ нема маркица за градба во постојниот ДУП, нема можност некој да го бетонизира

Општина Аеродром: Зеленилото пред ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ нема маркица за градба во постојниот ДУП, нема можност некој да го бетонизира

Скопје, 6 март 2025

 

Почитувани,

Деновиве во јавноста се појавија информации дека „парковски простор во срцето на Општина Аеродром е мета на градежни амбиции“. Како Општина ве уверуваме дека посочената парцела ќе остане парк со постојното парковско зеленило, без најмала можност некој да го бетонизира.

Ја разбираме загриженоста на граѓаните, имајќи предвид дека во минатото имаше и примери каде што за бизнис интереси се узурпираа постоечки паркови, па токму затоа сакаме да потенцираме дека за таа парцела што е во приватна сопственост, а која се наоѓа во зеленилото пред ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ нема маркица за градба во постојниот ДУП.

Ние како Општина сме должни да ги заштитиме интересите на сите граѓани и затоа со внимание го следиме овој случај, како и наводните изјави од сопственикот на парцелата дека планира да го загради имотот. Ограда не може да биде поставена без одобрение за истата, а секое постапување спротивно на позитивните законски прописи ќе биде третирано како градба без одобрение, заради што е предвидена и кривична одговорност.

Со почит,
Општина Аеродром

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан