• вторник, 29 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Засилен северен ветер, наместа со услови за провејување на слаб снег

Засилен северен ветер, наместа со услови за провејување на слаб снег

Скопје, 7 април 2025 (МИА) - Во текот на денот ќе дува засилен северен ветер, со брзина од над 70 километри на час, а наместа ќе има услови за провејување на слаб снег.

Како што најавуваат од УХМР, во следните денови времето ќе биде стабилно и ветровито, со температури под просекот за овој период од годината.

Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните во постепен пораст. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и студено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени.бт/вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан