• сабота, 16 ноември 2024

ООУ ,,11 Октомври": Постапка за префрлање на ученикот од ООУ ,,Лазо Ангеловски" не е завршена

ООУ ,,11 Октомври

Скопје, 15 ноември 2024


ООУ „11 Октомври“ ја информира јавноста во врска со префрлањето на ученикот од ,,Лазо
Ангелеовски”, случај кој беше тема на неодамнешни медиумски пишувања. Во објавите во
медиумите беа изнесени голем број невистини, па затоа сакаме да ги разјасниме фактите.

Ученикот доби согласност за упис во нашето училиште, но во текот на процесот ниту во еден
момент не бевме информирани од претходното училиште ООУ „Лазо Ангеловски“, ниту од
надлежните институции, дека ученикот се префрла поради изречена мерка Преместување во
друго училиште.

Според утврдените процедури, во случај на изрекување педагошка мерка за префрлување во
друго училиште. Училиштето соработува со локалната самоуправа и Министерството за
образование и наука, кои посредуваат со другото училиште и го информираат. Вработените во
другото училиште мора да бидат целосно информирани за случајот, да се координираат со
контакт-лицето за пријавување насилство и да продолжат со спроведување мерки за промена на
однесувањето на сторителот.

Но, во конкретниот случај, процедурата не е испочитувана. Уште од самиот почеток не сме добиле
никаква информација за ученикот и неговото проблематично однесување.

Ова однесување е недозволиво кога станува збор за ваква сензитивна материја.
Се обидовме неколку пати да воспоставиме контакт со претходното училиште за да добиеме
основни информации за детето, но без успех. Бевме приморани и писмено да се обратиме.
Со оглед на тоа што станува збор за дете кое нема наполнето ниту десет години, нема да
навлегуваме во детали. Информираме дека ООУ ,,11 Октомври” во понеделник ќе испрати
известување до ООУ ,,Лазо Ангеловски” дека се стопира постапката за префрлање на ученикот,
поради непочитување на Упатството за превенција од насилство. За вакви ситуации постојат
стручни служби кои треба да направат соодветна проценка и да преземат понатамошни мерки.
Се надеваме дека сите засегнати страни ќе постапуваат одговорно и ќе соработуваат во интерес на
доброто на ученикот.

ООУ ,,11 Октомври"

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан