• сабота, 27 јули 2024

ОН: Помош не пристигнува до 800.000 Палестинци на северот од Појасот Газа

ОН: Помош не пристигнува до 800.000 Палестинци на северот од Појасот Газа

Женева, 20 ноември 2023 (МИА) - Помошта, вклучувајќи го и горивото, во последните две недели стигнува само до жителите на јужниот дел на Појасот Газа, пред се, како резултат на несигурната безбедносна ситуација, соопшти Агенцијата за хуманитарни прашања на ОН-OCHA, пренесе ДПА.

ОСНА додава дека помошта не може да се дистрибуира во градот Газа и другите делови на северот, каде што стотици илјади луѓе сè уште престојуваат, пренесува германската агенција.

Според агенцијата, луѓето на север преживуваат со малку сиров зеленчук и незрело овошје што можат да го најдат, а многумина не можат да готват. Пекарите веќе не работат, а земјоделците не можат да си ги обработуваат нивите. Животните се колат, бидејќи нема храна и вода за нив.

OCHA наведува дека  на северот на Појасот Газа живеат 800.000 Палестинци, бројка што ја темели од податоците на палестинската статистичка управа на Западниот Брег, пренесува ДПА. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан