• вторник, 26 ноември 2024

ОН повикаа на воздржаност од сите страни во источна Украина

ОН повикаа на воздржаност од сите страни во источна Украина

Њујорк, 17 ноември 2022 (МИА) - Обединетите нации повикаа на воздржаност од сите страни во источна Украина поради новите инциденти со гранатирање денеска, со што е прекршен прекинот на огнот според Договорот од Минск.

„Доколку се потврдат, не смее да се дозволи дополнително да ескалираат. Ги повикуваме сите страни на максимална воздржаност во овој чувствителен момент“, рече Розмари ди Карло, генерална потсекретарка на ОН за политички прашања, на состанокот на Советот за безбедност за Украина.

Ди Карло ја нарече „исклучително опасна“ моменталната ситуација, со, како што велат САД, околу 150.000 војници позиционирани на границата со Украина за можна инвазија.

Таа ги нарече прашањата во основата на конфронтацијата „комплексни и долгогодишни“.

„Иако навидум нерешливи, со оглед на влоговите вклучени за нашата колективна безбедност и европска стабилност, овие прашања можат и мора да се решат преку дипломатија“, рече Ди Карло. паг/

Остани поврзан