• петок, 27 декември 2024

Во домови во Атина откриени антички предмети заштитени со закон за антиквитети

Во домови во Атина откриени антички предмети заштитени со закон за антиквитети

Атина, 26 ноември 2024 (МИА) – Грчката полиција уапсила две лица во атинска населба кои нелегално поседувале 172 антички предмети, што подоцна било утврдено дека потпаѓаат под законот за заштита на антиквитети, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека античките предмети биле откриени во три домови во Атина и при претрес на уапсените, кои се товарат за прекршување на законот за заштита на антиквитети и културното наследство.

Меѓу откриените артефакти има римски и византиски глинени предмети, бронзени и сребрени монети, делови од керамика и садови од разни историски периоди, а надлежната служба за антиквитети ја потврдила нивната автентичност, додека за осум предмети потребна е дополнителна анализа. ср/паг/

Фото: Грчка полиција

Остани поврзан