ОН загрижени за случувањата во Јужна Кореја
- Функционерите на Обединетите Нации ја следат ситуацијата во Јужна Кореја „многу внимателно и со голема загриженост“, изјави денеска портпаролот на ОН Стефан Дижарик.
Њујорк, 3 декември 2024 (МИА) – Функционерите на Обединетите Нации ја следат ситуацијата во Јужна Кореја „многу внимателно и со голема загриженост“, изјави денеска портпаролот на ОН Стефан Дижарик.
Јужнокорејската војска претходно соопшти дека ќе ја одржува воената состојба додека не ја укине претседателот Јун Сук Јеол, и покрај тоа што националниот парламент гласаше против спроведување на декретот.
Претходно беше јавено дека јужнокорејските војници по гласањето во Парламентот ја напуштаат зградата на собранието, а тоа го потврди и претседателот на Националното собрание на Јужна Кореја.
Војниците влегоа во зградата веднаш по прогласувањето на воена состојба од страна на претседателот. јт/
Фото: ЕПА