• недела, 28 јули 2024

ОН: Бројот на загинати во судирите на бандите на Хаити се удвојува на речиси 5.000

ОН: Бројот на загинати во судирите на бандите на Хаити се удвојува на речиси 5.000

Њујорк, 24 јануари 2024 (МИА) - Бројот на луѓе убиени додека Хаити се соочува со влошување на конфликтот меѓу тешко вооружените банди се зголеми за повеќе од 110 отсто минатата година и достигна 4.789, изјави генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

-Згрозен сум од запрепастувачкото и влошено насилство на бандите. Убиствата, киднапирањата и сексуалното насилство, особено врз жени и млади девојки, меѓу другите злоставувања, се широко распространети и неказнети, рече Гутереш, додавајќи дека насилството се шири во руралните области на земјата.

Гутереш ги повика земјите „великодушно да придонесат“ преку доброволни меѓународни сили ратификувани од ОН за поддршка на полицијата кон крајот на минатата година. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан