• недела, 28 јули 2024

Онана се повреди на натпревар за Камерун, голманот на Манчестер јунајтед беше заменет во 81. минута

Онана се повреди на натпревар за Камерун, голманот на Манчестер јунајтед беше заменет во 81. минута

Дуала, 18 ноември 2023 (МИА) - Голманот на Манчестер јунајтед, Андре Онана се повреди на натпревар за репрезентацијата на Камерун.

Онана го напушти теренот во 81. минута од синоќешниот квалификациски натпревар за Светското првенство 2026 меѓу Камерун и Маурициус (3:0), откако доби болен удар.

Претходно се дозна дека партнерот на Андре во Манчестер јунајтед, англискиот напаѓач Маркус Рашфорд се повреди на натпреварот против Малта.

Онана оваа сезона прими 30 гола во 18 настапи за Манчестер јунајтед, со шест „чисти“ мрежи. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан