• недела, 28 јули 2024

Онана за примениот гол од средина на теренот: Ги прифаќам сите критики

Онана за примениот гол од средина на теренот: Ги прифаќам сите критики

Манчестер, 6 август 2023 (МИА) - Голманот на Манчестер јунајтед, Андре Онана се осврна на примениот гол од средината на теренот на пријателскиот натпревар против Ленс (3:1).

 

- Секогаш имаме кон што да се стремиме. Мора да се обидеме да подобриме нешто. Јас сум одговорен за голот што го примивме. Горд сум на играта на соиграчите од одбраната. Но, ги прифаќам сите критики, рече голманот по натпреварот.

 

Онана дојде во Манчестер јунајтед во летниот преоден рок од Интер. Клубот за него плати околу 55 милиони евра. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан