• недела, 29 декември 2024

Балотели размислува за заминување од Џенова

Балотели размислува за заминување од Џенова

Џенова, 28 декември 2024 (МИА) - Марио Балотели размислува за заминување од Џенова само два месеци откако потпиша со италијанскиот клуб. Напаѓачот не е задоволен од малата минутажа и најверојатно предвреме ќе го раскине договорот.

Во октомври, ексцентричниот фудбалер потпиша со Џенова како слободен играч до крајот на сезоната. До овој момент, сепак, Балотели забележа вкупно 58 минути игра како замена.

Во договорот помеѓу Балотели и Џенова има клаузула која му дозволува на играчот во секое време да ја прекине врската со клубот.

Во исто време се зборува и за интерес за Балотели од мексикански Круз Азул. дс

Фото: Архива

Остани поврзан