• среда, 26 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Олмо може вечер да дебитира за Барселона

Олмо може вечер да дебитира за Барселона

Барселона, 27 август 2024 (МИА) - Барселона го регистрираше Дани Олмо и тој може да настапува сезонава во Шпанското фудбалско првенство.

Претходно беше објавено дека Каталонците ќе го остварат правото да вклучат фудбалер во составот кој ќе го замени повредениот дефанзивец Андреас Кристенсен.

Според „Мундо Депортиво“, Барселона и официјално го регистрирала Дани Олмо во Ла Лига.

Дваесет и шестгодишниот играч за врска би можел да дебитира за Каталонците вечер на гостувањето од 3. коло против Рајо Ваљекано. Средбата почнува во 21:30 часот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан