Ивановски успешно ги заврши квалификациите во Опатија
- Македонскиот тенисер Калин Ивановски успеаја да се пласира на главниот турнир на ИТФ М15 Опатија што се игра за награден фонд од 15.000 долари. Тој по трите победи во квалификациите ќе ги продолжи мечевите.

Опатија, 25 март 2025 (МИА) - Македонскиот тенисер Калин Ивановски успеаја да се пласира на главниот турнир на ИТФ М15 Опатија што се игра за награден фонд од 15.000 долари. Тој по трите победи во квалификациите ќе ги продолжи мечевите.
Најголем проблем за Ивановски, како и за организаторот и за другите тенисери беше дождот, поради кој предвидената програма имаше многу измени, па така македонскиот тенисер денеска имаше два меча. За пласман на главниот турнир во финалето од квалификациите го совлада Грегор Рамскоглер (трет носител) од Австрија со 2-0 во сетови (6-3 6-4), а во првиот денешен меч во втората рунда од квалификациите го надигра Ахилес Белкович од Унгарија со 2-0 во сетови (6-1 6-3). Најтешкиот противник македонскиот тенисер го имаше во првата рунда квалификации кога по голема борба го совлада Макс Батуенко од Украина со 2-1 (7-6(1) 3-6 и 10-8 на поени во решавачкиот сет).
Ивановски го очекува противникот во првото коло, а мечот ќе се игра утре. Македонскиот тенисер претходната недела имаше настап на Челинџер трурнирот во Задар.
Горазд Србљак пак настапи во квалификациите на фјучрсот во Аламинос што се игра за награден фонд од 15.000 долари. Србљак денеска во финалето од квалификациите загуби од Никола Парициа од Швајцарија со 2-0 во сетови (6-3 6-2), додека во првата рунда го совлада Маркос Јаковидес од Кипар со 2-0 во сетови (6-3 6-2). дс
Фото: МТФ