• вторник, 01 октомври 2024

ОИ: Германија ја шокираше Франција за полуфинале на ракометниот турнир

ОИ: Германија ја шокираше Франција за полуфинале на ракометниот турнир

 

Париз, 7 август 2024 (МИА) – Германската машка ракометна репрезентација го шокираше бранителот на титулата Франција, совладувајќи го во четвртфиналето домаќинот на олимпискиот турнир со 35-34 (14-17, 29-29) по продолженија.

Ренарс Усинс беше херојот на Германија со 14 погодоци, вклучувајќи ги клучните голови на натпреварот во последната секунда од второто полувреме и победоносниот на шест секунди пред крајот на второто продолжение.

Франција ја загуби победата во финишот на регуларниот дел, кога на минута пред крајот имаше водство од 29-27.

Германија во петок во полуфиналето ќе игра против Шпанија, која претходно денеска го совлада Египет со 29-28 (8-12, 25-25)

Во двете преостанатите четвртфиналиња играат Данска – Шведска од 17:30 часот и Норвешка – Словенија од 21:30 часот. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан