• сабота, 23 ноември 2024

Од утре вечер дожд и пад на температурата до осум степени

Од утре вечер дожд и пад на температурата до осум  степени

Скопје, 2 септември 2023 (МИА) - Под влијание на влажен бран во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник ќе преовладува претежно облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Ќе дува засилен северен ветер (над 60км/ч.), што ќе услови значително намалување на дневната температура за пет до осум степени.

Од вторник ќе преовладува умерено облачно време со услови за локален слаб дожд и ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Се препорачува во случај на појава на електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан