• сабота, 23 ноември 2024

Од полноќ поевтин мазутот, бензините со непроменета цена

Од полноќ поевтин мазутот, бензините со непроменета цена

Скопје, 11 јули 2024 (МИА) - Од полноќ се намалува малопродажната цена на мазутот, додека цените на бензините остануваат непроменети, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. 

Мазутот се намалува за 1,009 денари за килограм и тој од полноќ ќе се продава по цена од 47,625 ден/кг.

Еуросуперот БС 95 и понатаму ќе се продава по цена од 84 денари за литар, Еуросупер БС - 98 по цена од 86 денари за литар, а дизелот по цена од 77 денари за литар. 

Непроменета останува и цената на Екстра лесно масло кое ќе се продава по 75,5 денари за литар. бак/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан