• четврток, 05 март 2026

Од денеска до крајот на април, на граничните премини на албанско-косовската граница, минувањето е со контроли

Од денеска до крајот на април, на граничните премини на албанско-косовската граница, минувањето е со контроли

Тирана, 2 март 2026 (МИА) - На граничните премини меѓу Албанија и Косово, од денеска е обновена контролната постапка за сите граѓани и возила што влегуваат и излегуваат од двете земји, со што завршува периодот што започна на 1 ноември минатата година во кој се применуваше забрзана постапка за преминување, без проверка на документи за идентификација.

Забрзаната постапка е имплементација на меѓувладини договори за олеснет граничн премин, врз основа на кои, возилата со албански и косовски регистарски таблички и државјаните на двете земји, не подлежат на контрола на документацијата на граничните премини.

Ова се прави за да се избегнат непотребни редици и застои на границата. Постапка се применува 9 месеци во текот на годината, поделени во летни и зимски сезони: 1 мај - 30 септември и 1 ноември - 28 февруари, во останатите три месеци има вообичаена контрола. 

Според надлежните албански служби слободното движење има за цел да го промовира економскиот и туристичкиот развој и да ја зајакне соработката меѓу двете земји, кои во летниот период имаат и заеднички сообраќајни патроли долж автопатот Кукс – Тирана -Драч (Патот на нацијата), но и на крајбрежјето. вт/

Фото: Гранична полиција Албанија

Остани поврзан