• понеделник, 15 декември 2025

Одрон на патот Охрид – Св. Наум, сообраќајот се одвива по една лента

Одрон на патот Охрид – Св. Наум, сообраќајот се одвива по една лента

Скопје, 14 декември 2025 (МИА) - Поради одрон, утрово од 06:30 часот сообраќајот на патниот правец Р1301 Охрид – Св. Наум, на делницата меѓу селото Трпејца и Св. Наум, се одвива по една коловозна лента, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Од АМСМ апелираат до учесниците во сообраќајот да управуваат внимателно со возилата сè до целосно расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот. дма/сст/

Фото:МИА архива

Остани поврзан