• сабота, 23 ноември 2024

Одлуки од 16. седница на Уставниот суд

Одлуки од 16. седница на Уставниот суд

Скопје, 10 мај 2024 (МИА) - Уставниот суд на 16. седница ги отфрлил иницијативите за поведување постапка за оценување на уставноста на член 45 став 13, во делот „35“ од Законот за Академија за судии и јавни обвинители.

Како што информираат од Судот, согласно членот 28 алинеја 1 од Деловникот за работа, Судот нема надлежност за одлучува за одредби за кои се поставени прашања од техничка природа, како што се броевите при бодување на испит,  нешто што е надлежност на Законодавниот дом. 

Подносители на иницијативата се Александар Огненовски, адвокат од Скопје и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“- Скопје.

Судот повел постапка за оценување на уставноста  и законитоста на одредби од Деловниците во 11 општини кои се однесуваат на автентично толкување на сопствени акти кои ги донесуваат Советите.

-Судот по сопствена иницијатива ги оформи предметите и во оваа фаза изрази сомнеж дека општините без да имаат законско овластување си пропишале надлежност за автентично толкување на прописите коишто ги донесуваат. Тоа би било можно доколку законодавецот им определи таква надлежност, што сега не е случај. На седницата Судот  одлучи да се запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на оспорените одредби, односно ставена е т.н. времена мерка, информираат од Уставниот суд. 

Оттаму посочуваат дека станува збор за следните предмети:

У.бр.21/2024 - Член 16 алинеја 3 и Главата X од Деловникот на Совет на Општина Берово 

У.бр.29/2024- Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Илинден

У.бр.35/2024- Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Oпштина Вевчни

 У.бр.40/2024-Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Општина Кратово

У.бр.50/2024- Член 15 алинеја 3 од Деловникот  на Совет на Општина Карпош

У.бр.59/2024-Член 15 алинеја 3 од Деловникот  на Совет на Општина Брвеница

 У.бр.64/2024-  Член 15 алинеја 3 од Деловникот  на Совет на Општина Центар Жупа

 У.бр.67/2024-Член 15 алинеја  3 од Деловникот  на Совет на Општина Ново Село

У.бр.73/2024-Член 17 алинеја  3 од Деловникот  на Совет на Општина Василево

 У.бр.74/2024-Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Совет на Општина Врапчиште

 У.бр.75/2024- Член 40 алинеја 4 од Деловникот на Совет на Општина Липково. дма/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан