• сабота, 23 ноември 2024

Огромно зголемување на цените на хотелите за време на Олимпијадата во Париз

Огромно зголемување на цените на хотелите за време на Олимпијадата во Париз

Париз, 14 август 2023 (МИА) - Цените на хотелските услуги за време на Олимписките игри во Париз, 2024 година се неверојатно зголемени, а сместувањето во некои делови е покачено и до 10 пати.

За термините на Олимпијадата во Париз, 20 отсто од хотелите се веќе изнајмени, а резервациите главно се плаќаат однапред, без можност за поврат. Хотелите добиваат сѐ почести барања за резервации пред Олимписките игри, што ќе се одржат од 26 јули до 11 август следната година. Раководствата на хотелите во француската престолнина во тоа видоа можност и барем десеткратно ги зголемија цените на собите за тој период.

Имено, капацитетите за сместување каде што ноќевање во јули и август годинава чини околу 200 евра, ги покачија цените за истите месеци в година на околу 2.000 евра за ноќевање.

Во Марсеј, за споредба цените на хотелските сместувања се зголемени четирипати, а во Лион и до седум пати. Иако поради превисоките цени се испратени многу поплаки до надлежните, властите сѐ уште не излегле со решение за овој проблем поволно и задоволително за сите.  си/сд/

Фото: Официјална интернет-страна на Олимпијадата 

Остани поврзан