• среда, 25 декември 2024

Објавен ИПАРД Повикот за диверзификација на фарми и развој на бизниси, вреден 14 милиони евра

Објавен ИПАРД Повикот за диверзификација на фарми и развој на бизниси, вреден 14 милиони евра

Скопје, 6 ноември 2024 (МИА) - Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека е објавен ИПАРД Повикот за диверзификација на фарми и развој на бизниси, вреден 14 милиони евра.

Станува збор за Мерката 7, а финансиските средства се доделуваат како неповратна поддршка (грант) во износ од 60 отсто од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка Диверзификација на фарми и развој на бизниси. Процентот се зголемува до 70 проценти за инвестиции предложени од млади земјоделци и/или сертифицирани органски производители и за колективни инвестиции.

Според МЗШВ, процентот на кофинансирање може да се зголеми за дополнителни 10 отсто за инвестиции поврзани со управување со отпад, обновлива енергија и инвестиции од типот на циркуларна економија.

Највисокото кумулативно/комбинирано ниво на поддршка не смее да надминува 75 проценти.

Крајниот рок за поднесување на барањата е 20 декември 2024 година. мч/цр

фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан