• четврток, 26 декември 2024

Обуки за давање прва помош за осмооделенците во Центар

Обуки за давање прва помош за осмооделенците во Центар

Скопје, 9 септември 2023 (МИА) - По повод Светскиот ден на Првата помош, Општина Центар заедно со Црвениот крст од 15 септември почнува кампања со обуки за давање Прва помош во сите основни училишта во општината.

Преку оваа кампања осмоодделенците од сите осум основни училишта ќе ги научат основните техники за давање Прва помош доколку се најдат во ситуација каде истите би биле потребни. Обуките започнуваат од ООУ „Киро Глигоров“, а потоа продолжуваат во сите други основни училишта. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски напомена дека основните техники за давање Прва помош треба да ги знае секој од нас.

-Одлична е можноста нашите осмооделенци да ги научат основните техники за давање Прва помош. Никогаш не знаеме кога би ни потребале затоа и сметам дека секој од нас треба да ја знае почетната грижа за некое повредено лице“, смета Герасимовски.

Претходно во март месец оваа година Општина Центар во соработка со Црвениот крст, спроведе проект “Едукативни активности за прва помош во основните училишта” кој го реализираше со одделенските наставници од сите 8 основни училишта (вкупно 77 одделенски наставници). Целта на проектот беше наставниците да се здобијат со знаења и вештини за соодветно и навремено постапување во инцидентни ситуации односно давање на прва помош при евентуални повреди кај учениците.

По повод Светски ден на Прва помош Општина Центар на одделенските наставници кои учествуваа во обуките им додели Благодарници. мч/дма/

фото: Општина Центар

Остани поврзан