Обука на РАИ за претставници на Секторот за заштита на природата/биодиверзитетот во областа процена на ризикот од корупција
- На отворањето, како што информираат организаторите, воведни обраќања ќе имаат министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, и директорот на Регионалната иницијатива за борба против корупцијата (РАИ), Алберт Хани.
Скопје, 4 март 2026 (МИА) - Национална обука за претставници на Секторот за заштита на природата/биодиверзитетот во областа процена на ризикот од корупција (ПЗК) ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Регионалната иницијатива против корупцијата (РАИ).
На отворањето, како што информираат организаторите, воведни обраќања ќе имаат министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, и директорот на Регионалната иницијатива за борба против корупцијата (РАИ), Алберт Хани.
Настанот е трет од серијата национални обуки организирани во рамките на проектот „Југоисточна Европа - Заедно против корупцијата II“ (СЕЕ-ТАК II), финансиран од Австриската агенција за развој (АДА) со средства од Австриската развојна соработка и имплементиран од РАИ и Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ). аа/лв/
Фото: МИА архива