• сабота, 28 декември 2024

Обраќање на Изет Меџити, претседател на Демократското движење, пред партиските структури

Обраќање на Изет Меџити, претседател на Демократското движење, пред партиските структури

Скопје, 27 декември 2024 

Изет Меџити, претседател на Демократското движење, во Холидеј Ин ја одржа средбата за крајот на годината со партиските структури за да ја заокружи годината на промени.

Во празнична атмосфера и во присуство на голем број симпатизери, претседателот на Демократското движење, Изет Меџити, изрази благодарност и гордост за заедничките достигнувања на оваа политичка сила во текот на изминатата година.

Почитувани активисти и поддржувачи на Демократското движење,

Почитувани претставници на коалицијата ВЛЕН, пратеници, министри и државни функционери,

Почитувани граѓани,

Пред една година, кога го започнавме нашето патување со Демократското движење, многумина го видоа овој потфат како недостижен сон. Предизвикот да се изгради политичка алтернатива за Албанците и да се предизвика систем длабоко вкоренет во власта изгледаше како невозможна мисија.

Сепак, останавме непоколебливи пред многуте притисоци и пречки. Рековме "Доста е!" деградацијата на демократијата и злоупотребата на основните принципи на слобода и еднаквост.

Денес со гордост можеме да кажеме дека промената стана реалност.

Тоа успеаја да го овозможат Албанците кои долго време бараа нов политички правец. Со заминувањето на старите политики и политичката ротација се отвора ново поглавје за сите нас.

Иднината сега е во наши раце.

Наместо да се занимаваме со застарени политики и минати практики, нашиот фокус е на градење одговорна влада која работи за народот. Ова е можност да им се помогне на граѓаните да го подобрат својот живот и да изградат поправедна иднина.

Благодарение на вашата посветеност, успеавме да создадеме нов политички амбиент.

Денеска промовираме меритократија, инклузија и толеранција, отфрлајќи ја корупцијата и поделеноста. Ова е моментот да се изгради нова политичка култура, заснована на транспарентност и отчетност.

Ги поканувам сите што ги споделуваат нашите вредности и визија: Придружете ни се!

Процесот на европеизација бара чесни, посветени политичари кои се подготвени да работат за доброто на земјата. Ние сме новата алтернатива и нашата врата е отворена за секој кој сака да придонесе за подобра иднина.

Заедно да ја градиме иднината каква што заслужуваат Албанците!

Изет Меџити, претседател на Демократското движење

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото Демократско движење

Остани поврзан